Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски со нов проект ќе ги враќа граѓаните во село

Груевски со нов проект ќе ги враќа граѓаните во село

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес промовираше нов проект насловен како „Од град во село за нов почеток“. Се нуди голема помош за граѓаните кои ќе донесат одлука од град да се преселат на село без разлика дали порано направиле емиграција од село во град.

Груевски потенцира дека на овие лица ќе им биде понуден  исклучително поволен пакет мерки и бенефиции кој опфаќа  парични средства за купување или доизградба, реновирање на куќа на село, бесплатно земјиште за работа и искористување на бројните мерки кои им стојат на располагање на земјоделците.

Оваа мерка можат да ја искористат лица кои претходно живееле во село, а сега се преселиле во град и се уште имаат имот во селото каде живееле. Мерката можат да ја искористат и оние кои мигрирале, а немаат куќа во село. Исто така, мерката им е на располагање на лицата кои живеат во град и се невработени или  пак вработени, но со многу ниски примања, лица чии вкупни месечни примања на целото семејството не ја надминуваат просечната бруто плата од 32.074 денари, односно нето плата од 21.813 денари.

Слично

Поврзани вести