Груевски со набиена агенда на дипломатски средби во Брисел
Лидерот на владеачката партија Никола Груевски е во дводневна посета на Белгиската престолнина каде остварува средби со високи претставници на Европската унија.
Екс премиерот денеска се сретнал и со европскиот комесар за проширување Јоханес Хан. На средбата се разговарало на повеќе теми кои се однесуваат на Македонија.
Заклучокот од средбата Груевски-Хан е надминување на надворешните и внатрешните ризици во земјава.
„За констатација е дека на сите им одговара, како на нас во Македонија, така и на нив овде во Европската унија и кај земјите-членки, да имаме елиминирање на сите надворешни и внатрешни ризици. Надворешни во смисла на бегалската криза и проблемите што од неа може да дојдат, а внатрешни во смисла на вештачките кризи што ни се наметнуваат. Констатација е дека треба да се продолжи заеднички да се работи во тој правец, но дека е потребно и сите други страни внатре во земјата кај нас да се потрудат да помогнат во тој правец, а не само ВМРО-ДПМНЕ , истакнал Груевски во изјава а МИА по средбите.
Тој се сретнал и со европратениците Дејвид Мекалистер, Иво Вајгл, Пол Рубиг и Анџелика Ниблер а попладне првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ треба да се сретне со Жозеф Дол, претседател на најголемата европска политичка партија, Европската народна партија, како и со други виоски претставници и дипломати во Европската унија.
