Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Со лустрацијата Македонија ќе излезе посилна

Груевски: Со лустрацијата Македонија ќе излезе посилна
Лустрацијата не е против асномска Македонија, туку таа е најголем сојузник на асномска Македонија. Лустрацијата е процес кој е значаен за општеството и ја ужива поддршката од јавноста, и покрај сите обиди на некои структури да се спротивстават или да го оспорат, порача денеска премиерот Никола Груевски во неговиот говор во Крушево, по повод националниот празник Илинден. Според него, процесот на лустрација е болен, но мора и ќе биде направен, и од тој процес Македонија ќе излезе уште посилна и поединствена, ослободена од тежина. Според Груевски, комплетно е неточна и невистинита тезата дека наводно со лустрацијата се нарушувале принципите на асномска Македонија, што во последно време некои критичари кои се засегнати од овој закон и од процесот, затоа што на тој начин се нарушува нивниот абнормален комодитет и стекнати позиции, но најмногу поради знаењето на фактот дека со овој процес на лустрација кој ние како Влада го поддржуваме, посочи, се рушат политичките позиции на партиите кои овие дежурни критичари ги поддржуваат. - Како може да се нарушат принципите на асномска Македонија, кога луѓето кои ја создадоа асномска Македонија и кои денес ги славиме, како Методија Андонов-Ченто, Панко Брашнаров, Владимир Полежина, Бане Андреев, Петре Пирузе Мајски и илјадници други беа малтретирани, затворани и шиканирани и испратени на Голи Оток и по затворите, токму од тој ист режим кој преку лустрацијата сакаме да го демаскираме? - праша премиерот Груевски. Тој нагласи дека лустрацијата не може да е против асномска Македонија кога „кодошите ги кодошеле сите македонски национални дејци, автори, писатели, актери, режисери, општественици кои се залагале токму за принципите на асномска Македонија, наместо принципите за кои се залагале кодошите на кои подраго им било југословенството пред македонизмот, и кои сметале дека Трст е најбитен.
Слично

Поврзани вести