Груевски дециден за името во интервју за грчки весник
Експремиерот Никола Груевски во интервју за грчкиот весник То Вима ги повтори македонските црвени линии во решавањето на спорот за името.
Во интервјуто Груевски вели дека сака добра соработка со Грција и наоѓање компромисно решение за името, но не по секоја цена и не по цена на македонскиот идентитет, јазик и култура. Според него, тоа нема да се случи без одобрение од народот на референдум.
„Решението не може да биде еднострана желба на една од двете држави, туку компромис кој не загрозува ничии интереси. Не постои решение издејствувано со сила, закана или уцена кое може да е одржливо.”- рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Македонија нема територијални претензии кон Грција. Тој нагласува дека грчката јавност не е доволно информирана за спорот и дека се целосно неточни верувањата дека Македонија е закана за Грција.
„Македонија нема територијални претензии кон соседите. Ова тврдење можам да го потпишам со двете раце. Тврдењата дека Грција која е поголема и помоќна, стравува од Република Македонија се неубедливи. Нашите црвени линии како политичка партија се јасни. ВМРО ДПМНЕ нема да прифати предлози што би ги загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик и култура. Неприфатливо е било каква промена на уставот со кој се менува уставното име на Република Македонија”- изјави Груевски
Целото интервју, преведено на македонски јазик од МИА, прочитајте го овде.

Слично