ГРУЕВСКИ СЛАВИ, ПОЛИЦИЈАТА АПСИ: Уапсен активист на Шарена револуција …
Вечерва при обид да пушти ранспарент од Камениот мост е уапсен активист на Шарена револуција.
Се работи за Павле Богоевски .
Имено, полицијата не им дозволи на активистите да истакнат транспарент. Од другата страна на мостот се одржува роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, а лидеротНикола Груевски има говор.
„Вечерва е уапсен нашиот соборец Павле Богоевски. При апсењето припадници на ЕБР примениле сила и насилство. Павле е уапсен во момент кога со нашите соборци сакале да прострат платно со протестна порака на јавен простор. Прогонот продолжува. Граѓанки и граѓани, дојдете најбрзо што можете пред полициската станица Пролет во Скопје за да побараме итно ослободување на Павле!“, соопштија од Шарената револуција.
Активистите на Протестирам преку фејсбук се повикуваат веднаш да одат во полициската станица каде што е однесен уапсениот Богоевски.
