Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски се врати од Италија, турбо агенда во Кривогаштани и Крушево

Груевски се врати од Италија, турбо агенда во Кривогаштани и Крушево

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ,  Никола Груевски се врати од Италија, а денеска ќе присуствува на седум настани организирани во општините Кривогаштани и Крушево.

Тој деновиве беше на свадба во Италија и затоа пропушти да се сретне со германскиот пратеник, Јоханес Хајндл кој е посредник за решавање на кризата во Македонија.

Во партиското соопштение испратено до медиумите ја има целосната агенда на Груевски.

Во 12 часот. ќе оствари посета на земјоделски насад на компанијата “Везешари” во с.Славеј, О.Кривогаштани.

Во 12.30 часот ќе оствари посета на изграден сточен пазар во село Кривогаштани;

Во 12.45 часот ќе оствари посета на повеќенаменско игралиште во ОУ “Манчу Матак”,

Во 12.55 часот ќе изврши увид во активности при изградба на спортска сала во ОУ “Манчу Матак”, с.Кривогаштани;

Во 13.15 часот ќе изврши увид во активности при изградба на плоштад и ќе оствари средба со жителите на с.Кривогаштани;

Во 13.45 часот ќе изврши увид во активности при изградба на канализација и ќе оствари средба со жителите на с.Крушеани;

Во 14.35 часот ќе изврши увид во активности при изградба на спортска сала, изградба на улици и ќе оствари средба со жителите на с.Бучин, О.Крушево;

Во 15.25 часот ќе изврши увид во активности при реконструкција на секундарна водоводна мрежа;

Во 15.40 часот ќе изврши увид во активности при реконструкција на Градски парк и ќе оствари средба со жителите на Крушево;

Во 16.10 часот ќе оствари посета на реновираната галерија на Никола Мартиновски и посета на фасади на обновени куќи во традиционален стил.

Слично

Поврзани вести