Груевски: СДСМ со погрешни чекори и нанесува штета на државата
Опозициската партија СДСМ влече потези од лични интереси со кои и нанесува штета на државата, смета премиерот Никола Груевски. Тој смета дека еден од ваквите потези е и излегувањето од Собранието.
„Од дрвата не ја гледаат шумата. Со излегување од Парламентот за причини кои се измислени од нив, СДСМ прави штета на државата и тоа е тоа што можеме да кажеме дека има отсуство на државност. Заради некои лични цели, заради некои приватни цели - да остане на оваа или на онаа функција, заради внатрешни препукувања и кој е потврд - едната или другата струја", вели Груевски.
Тој ја повика опозициската партија да преиспита колку ваквите потези се државнички. Груевски вчера во илинденското обраќање од Пелинце ја повика опозицијата на дијалог, но со „разумни барања“.
СДСМ, пак, денеска соопшти дека дијалог прифаќа, но за петте барања кои и претходно ги постави опозицијата, меѓу кои е и она за техничка влада кое владејачката коалиција го оцени за апсолутно неприфатливо.
Слично
