Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: СДСМ ги одлага изборите оти знае дека ќе ги изгубат!

Груевски: СДСМ ги одлага изборите оти знае дека ќе ги изгубат!

Премиерот Никола Груевски тврди дека опозициската партија намерно ги одложува изборите бидејќи знаат дека ќе ги изгубат.

Во однос на ДИК, премиерот вели дека според неговите сознанија од тимот на ВМРО-ДПМНЕ не се работи за тоа кој да се избере, туку кој да не се избере.

„Се работи за максимален, краен очаен обид на СДСМ ова да им биде причина за одложување на изборите коишто знаат дека ќе загубат. Тие не смеат јавно да кажат бидејќи ќе го демолираат своето членство. Но тие самите тие многу добро знаат дека ќе ги изгубат изборите и ова е последен крик на СДСМ како да се најде начин да се одложат изборите“, вели премиерот.

Тој посочува дека СДСМ не прифаќа предлог да биде експерт Албанец на ДУИ и ДПА.

- Има потреба од договарање на тројца експерти кои би биле политички неутрални од кои двајца треба да се етнички Македонци и еден етнички Албанец. По многу перипетии, менувања на ставови на СДСМ и слично, тие предложија двајца Македонци коишто ВМРО-ДПМНЕ ги прифати и го затворивме прашањето за Македонците. И се најдоа во небрано, како сега да го одложат понатамошното договарање на комплетирање на ДИК и се фатија за претставникот што албанските партии го предложија заеднички и го прогласија за вмровец.Точно е дека ние како партија во последните години имаме се поголема поддршка помеѓу албанското население, но со тој човек немаме никаква врска, вели Груевски.

Слично

Поврзани вести