Груевски: Сакаме да правиме финансиска зона во Скопје
Владата планира да направи меѓународна финансиска зона во Скопје.
„Нашата идеја е да направиме меѓународна финансиска зона во Скопје. Тоа ќе бидат канцеларии каде ќе привлечеме да дојдат меѓународни финансиски институции, банки, осигурителни друштва“, рече премиерот Никола Груевски во емисијата „Јади бурек”.
„Две работи треба да им бидат сериозен магнет. Едната е да важат закони кои важат во најкредибилните земји каде одат финансиите, како Англија и Луксембург. Втората е да има многу ниски даноци. Односно, англиски закони со многу ниски даноци. Тоа очекуваме дека би привлекло некои од меѓународните финансиски институции тука да ги отворат своите главни седишта и од тука да раководат дел од своите операции“, рече Груевски дообјаснувајќи дека државата не очекува приходи од ваквите инвестиции бидејќи даноците ќе бидат ниски, туку поинаков вид на придобивки. Односно кје има нови вработувања, обуки за вработени по меѓународни стандарди, компаниите ќе купуваат имот во земјава, ќе патуваат со авиони, а бидејќи тоа се богати луѓе ќе трошат и пари зо земјава.
Слично
