Груевски-Рејндерс: Поздравени билатералните односи меѓу Македонија и Белгија
Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија Дидие Рејндерс.
На оваа средбата и двајцата претставници на двете земји ги поздравија добрите билатерални односи меѓу Македонија и Белгија кои се развиваат во духот на пријателството и меѓусебното почитување, како и интензивирањето на соработката во сферата на економијата и трговската размена.
Во таа насока констатирано е дека постои солидна основа за понатамошен напредок на економската соработка, како и стимулирање на соработка помеѓу бизнис заедниците од двете земји.
Премиерот го истакна позитивното искуство од инвестирањето на белгиската компанија Ван Хул за производство на автобуси која што придонесе и за привлекување на други компании кои работат како добавувачи на оваа белгиска компанија.
Груевски и Рејндерс размениле мислења и за реформите кои се спроведуваат во нашата земја како и за актуелната политичка состојба, а премиерот ја истакнал стратешката определба на нашата земја за интеграција во евро-атлантската заедница и за унапредување на стандардите во сите општествени сфери.
Дидие Рејндерс и упати поддршка на Македонија во европските интеграции.
