Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Рано е за оставки дури судскиот процес не заврши

Груевски: Рано е за оставки дури судскиот процес не заврши
На прашањето дали се размислува за оставки поради аферата со прислушувањето на телефонските разговори, премиерот Груевски рече дека дури откатко судскиот процес ќе заврши ќе може да се размислува за некои одлуки. - Не треба да се брза со оставки, треба судскиот процес да заврши, да се утврдат фактите, а потоа да се размислува за евентуални одлуки – рече Груевски. Тој рече дека чека институциите да ги утврдат фактите околу прислушкувањето и на странски дипломати во Македонија. „Moите сознанија ги презентирав, оставам институциите да ги утврдат фактите, како што веќе имаме една пресуда поврзана со овој случај во кој е дадено признание дека се соработувало со странска служба“- рече премиерот.
Слично

Поврзани вести