Груевски прв ќе сведочи за скандалот со прислушувањето
Премиерот Никола Груевски прв ќе седне на жешкото столче на сослушување пред Анкетната комисија.
Претседателот на Комисијата, Петре Шилегов денеска јавно го повика премиерот да се појави во среда на сведочење за скандалот со прислушувањето.
Согласно Деловникот на работа за Анкетната Комисија следни сведоци за сослушување се Мартин Протуѓер и министерот за финансии Зоран Ставрески.
Во петок ќе биде сослушан поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков, а во понеделник ќе ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Сведочењето на поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е закажано за следниот вторник, односно 15 декември.
Иако беше предвидено седниците на Анкетната комисија да се прикажуваат јавно на собранискот канал, на барање на ВМРО-ДПМНЕ сведочењето ќе биде тајно, бидејќи, како што велат сведоците ќе изнесуваат доверливи информации.
