Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски:Продолжуваат реформите во администрацијата, судството, медиумската сфера

Груевски:Продолжуваат реформите во администрацијата, судството, медиумската сфера
Од сите страни стигнуваат реакции за денешниот извештај на Европската Kомисија за остварениот напредок на земјата во 2013 , каде земјава по петти пат добива препорака за почеток на преговорите со ЕУ, но не и датум. Од Владата на го поздравија неговото донесување, како и обновената препорака и се заблагодарија на Комисијата за силната поддршка во спроведувањето на реформите за интеграција во ЕУ. Според премиерот , Никола Груевски обновената препорака претставува признание за сработеното од страна на институциите, администрацијата и сите политички и општествени чинители. „ Република Македонија останува целосно подготвена да премине во следната фаза од пристапниот процес. Се согласуваме со констатацијата на Комисијата дека почетокот на преговорите не само што ќе го забрза консолидирањето на реформите и ќе ја зајакне меѓуетничката кохезија, туку и ќе го зачува кредибилитетот на проширувањето на Унијата како мериторен процес базиран на цврста условеност“, истакна Груевски кој рече дека очекува и земјите-членки во Советот на Европската Унија да се раководат од аргументите, и како што истакна, во декември оваа година да ја донесат одлуката за почеток на пристапни преговори со Македонија. Владата  продолжува со реформите и со испорака на конкретни резултати за натамошно унапредување на степенот на примена на ЕУ стандардите во македонското општество, додаде тој , а за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Во однос на реформите, Груевски вели дека посебно внимание ќе се посвети на реформирање на државната администрација, судството, борбата против корупцијата, состојбите во медиумската сфера, одржување на добри меѓу-етнички односи, зголемување на економскиот раст и вработеноста. За грчко-македонскиот споре вели дека Македонија сака што поскоро тој да се реши. „Сакаме да имаме проактивен и интензивен процес на највисоко политичко ниво. Одлагањето на решавањето на ова прашање не е од корист за никого“, изјави Груевски. Свој став денеска по средбата со Аиво Орав, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија даде и претседателот Ѓорге Иванов . Порачува дека реформските процеси остануваат високо на агендата на Македонија. „Крајно време е Република Македонија да ја продолжи интеграцијата, крајно време е на Република Македонија да ѝ се овозможи паралелно движење. Статус-кво состојбата никому не носи ништо добро. Нема поголем и посилен импулс за реформите и надминување на слабостите, од почеток на преговорите“, му порачал Иванов на Орав.
Слично

Поврзани вести