Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Приоритет за Владата ќе биде економијата и евроинтеграциите

Груевски: Приоритет за Владата ќе биде економијата и евроинтеграциите

Економијата и евроинтеграциите ќе бидат приоритет за новиот владин состав, кој официјално треба да стапи на должност откако ќе биде одобрен од Собранието, вели мандатарот за состав на Владата Никола Груевски.

Тој додава дека покрај овие, Владата ќе остане силно фокусирана и на сите останати сектори.

„Отворањето на нови работни места, привлекувањето на странски инвестиции, охрабрувањето и помагањето на домашните да инвестираат, земјоделството, образованието и здравството - сето тоа е дел од фокусот на идниот владин состав“, појасни Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од проектот за превод на 1000 стручни и научни книги од кои се учи на врвните светски универзитети.

На промоцијата тој денеска беше заедно со актуелниот министер за образование Спиро Ристовски, кој нема да биде дел од следниот владин состав како министер. Сепак, дел од медиумите, повикувајќи се на извори во владејачката партија велат дека тој сепак ќе остане во Министерството за образование и наука како заменик-министер.

Од новите министри без ресор Висар Фида и Горан Мицковски, Груевски очекува да го зајакнат досегашниот тим за привлекување странски инвестиции во кој остануваат Бил Павлески, Џери Наумоф и Веле Самак.

Според Груевски, и најновото рангирање на „Форин полиси“ кое ја става Македонија на 29-тото место во светот според условите за привлекување на странски инвестиции е доказ дека земјава напредува и прави многу за да стане атрактивна дестинација за бизнис.

Слично

Поврзани вести