Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Препораката – потврда дека сме подготвени за преговори

Груевски: Препораката  – потврда дека сме подготвени за преговори
Новата препорака за почетокот на преговорите, што ја доби Македонија, е доказ дека земјата е подготвена да ги започне разговорите за членство во ЕУ, смета премиерот Никола Груевски, кој од евроамбасадорот Аиво Орав доцна попладнево доби примерок од последниот бриселски извештај. „И покрај сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме на повеќе планови, сепак Комисијата одлучи дека Македонија заслужува нова препорака со што потврдува дека нашата земја има достигнато ниво на реформи, односно е подготвена да отпочне пристапни преговори за полноправно членство со ЕУ. Дури и покрај извесноста од тоа што не чека во Советот во декември, односно повторно неприфаќање на препораката од страна на Советот како и изминатите пет пати досега, Комисијата остана доследна на својата политика и ние тоа го цениме“, вели Груевски. Според него, овогодинешниот извештај констатира задоволително исполнување на политичките критериуми, големо подобрување за економијата, како и прогрес во правосудството и јавната администрација, области на кои Владата се фокусирала во изминатиот период. Осврнувајќи се на забелешките во извештајот, Груевски нагласува дека Владата ќе остане посветена и ќе продолжи да работи на области каде е потребен дополнителен напредок, подвлекувајќи дека е потребна ангажираност,  посветеност, но и одговорност на сите субјекти во општеството, а не теснопартиски интереси. „Ние согледавме и сериозно ќе се посветиме на областите кои треба да бидат подобрени. Постојат и полиња и прашања за кој што е потребен ангажман и несмалена вклученост и на останатите субјекти. Нивната поддршка на процесите и јакнење на демократските капацитети е подеднакво значајна и секој треба да ја сфати сопствената одговорност во овој процес и наспроти исполнување на теснопартиските и лични интереси за што некои веќе отишле за жал предалеку“, вели тој. Во полињата на кои ќе биде потребна дополнителна работа, премиерот ги наведе политичкиот дијалог, медиумите, меѓуетничките едноси и самостојното функцонирање на институциите.
Слично

Поврзани вести