Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски пред суд: Имам тешка душевна болка од клеветите на Заев!

Груевски пред суд: Имам тешка душевна болка од клеветите на Заев!
Премиерот Никола Груевски речиси еден час даваше исказ пред судот како тужител во судскиот процес за клевета што го поведе против лидерот на СДСМ Зоран Заев. Пред судот, Груевски се пожали дека клеветите на Заев за случајот „Македонска банка“ му нанеле тешка душевна болка, непријатни чувства и вознемиреност. „Сето тоа се измислици, никогаш во животот не сум имал судир со законот и секогаш честа и угледот ми биле на прво место. Тоа беше смислена и лансирана кампања во моментот кога мојот углед беше ставен на проверка пред изборите. Беше злонамерно“, рече Груевски, додавајќи дека не може да замисли потежок облик на клевета од овој. Заев лично му постави најмногу прашања на Груевски, a најголем дел од нив за периодот кога Груевски дојде на чело на ВМРО ДПМНЕ и од кога, како што посочува опозицијата, датира аудио снимката.  
Слично

Поврзани вести