Груевски пред пратениците: Владините реклами се во интерес на граѓаните
Рекламите што ги финансира Владата имаат цел да ги известат граѓаните и фирмите прецизно, навремено и на едноставен начин за сите реформи кои се интензивни и многубројни и не секогаш стигнуваат до нив, изјави премиерот Никола Груевски одговорајќи на пратеничко прашање.
Оливер Спасовски од СДСМ се обиде да дознае зошто на ТВ Сител на 23 дена пред избори му биле исплатени 450.000 евра и колку изнесуваат вкупните трошоци за рекламни кампањи на Владата.
„Се работи за исплати поврзани со емитувањето на информативните кампањи кои ги нарачала Владата во транспарентна постапка, со кои во најголем дел од случаите е постигнат ефектот. Се друго е манипулација, набивање тези кои не се точни и обид на испревртување на вистината“, истакна Груевски.
Спасовски е незадоволен од одговорот и ја обвини Владата дека „испумпува народни пари“ за да им плати на медиумите за реклами, кои потоа нив ги уплаќаат на сметка на владејачката партија. Груевски го повика тоа да го каже надвор од собраниската говорница и ако нема докази за да го потврди, да одат на суд.
Фото: Курир.мк
Слично
