Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Пратениците од СДСМ не се избрани да земаат апанажи и да седат дома

Груевски: Пратениците од СДСМ не се избрани да земаат апанажи и да седат дома
 

Пратениците од СДСМ кои вчера ги депонираа пратеничките мандати денеска критикувани од премиерот Груевски.

Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека СДСМ продолжува да го следи Бранко Црвенковски и да дејствува вонинституционално со што и прави штета на Република Македонија.

- Во однос на најавите за вонинституционално делување, ние во минатиот период видовме каков тип на делување има Бранко Црвенковски со излегување и дебати на улиците, говори на коли и слично, но видовме и како на тоа реагираа граѓаните на изборите. И кога Бранко Црвенковски излезе на избори каков пораз доживеа и кога Зоран Заев излезе на избори каков пораз доживеа. Сепак, тие одлучија повторно да го прават истото и со тоа во исто време да направат штета за Република Македонија, истакнува Груевски.

Во однос на најавите за апанажи, премиерот нагласи дека граѓаните не ги избрале пратениците на СДСМ да земаат апанажи и да седат дома.

- Што се однесува до апанажите, досега не слушнав ниту еден коментар дека тие нема да ги користат апанажите што значи дека избраа да не бидат во Парламентот, а да користат апанажа. Граѓаните не ги бираа нив за да земаат апанажи и да седат дома, граѓаните ги бираа да одат во Парламентот и за тоа да бидат гласани, нагласи Груевски.

 
Слично

Поврзани вести