Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски поради работни обврски не се појави на сведочење во Анкетната комисија

Груевски поради работни обврски не се појави на сведочење во Анкетната комисија

Поради работни обврски премиерот Никола Груевски денеска не се појави на сослушувањето во Анкетната комисија.

Од партијата на премиерот соопштуваат дека тој во понеделник на 14 декември ќе се појавел пред пратениците од Комисијата.

Инаку , тој требаше да биде првиот сведок кој ќе биде сослушан.

Тој како сведок е предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Утре треба да биде сослушан Мартин Протуѓер и Зоран Ставрески, на 11 декември Сашо Мијалков, на 14 декември Гордана Јанкулоска и на 15 декември Миле Јанакиески, според распоредот на претседателот на комисијата Шилегов.

Шилегов вчера ја соопшти агендата која ја составил сам, поради како што вели немањето повратен одговор на поканата до сведоците од Комисијата.

Сослушувањето ќе се одвива зад затворени врати за јавноста бидејќи како што информираа од комисијата ќе имало доверливи информации кои не требало да бидат достапни за јавноста.

На листата сведоци на ВМРО-ДПМНЕ беа премиерот Груевски, вицепремиерот Ставрески и поранешната министерка за внаатрешни работи Јанкулоска, а на листата на СДСМ се Мијалков, Јанакиески и Протуѓер.

Прочитајте го редоследот на сведочење тука.

Слично

Поврзани вести