Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски понудил филмови од Хонг Конг да се снимаат во Македонија

Груевски понудил филмови од Хонг Конг да се снимаат во Македонија
Во рамките на повеќедневната турнеја низ азиските земји, премиерот Никола Груевски и владината делегација што ја предводи денеска се во посета на специјалниот административниот регион Хонг Конг, кој е дел од Народна Република Кина. Таму то се сретна со  претседателот на Извршниот совет на Хонг Конг Лунг Чун-јинг, со кого во фокусот на разговорите било унапредувањето на економската соработка, соопшти владината прес-служба. Беше разговарано и за можностите за остварување на соработка и на полето на филмската индустрија помеѓу субјекти од овој сектор од двете страни. Имајќи ја предвид развиената филмска индустрија во Хонг Конг, премиерот Груевски ги претстави и можностите кои нашата земја ги овозможува за субјектите од филмската продукција и за снимање на сцени од филмови во Република Македонија, пред се преку даночните ослободувања и поврат во висина од 20 проценти кои се нудат на филмските продукции, стои во владиното соопштение. „Разговаравме за договорот за одбегнување на двојното оданочување и за договорот за заштита на инвестициите. Отворивме и други полиња каде што би можело во иднина да има соработка, како што се туризмот и филмската индустрија“, изјавил премиерот Груевски по средбата. „Хонг Конг е отворена економија и ги повикуваме македонските бизнисмени за соработка, а хонгконшките бизнисмени имаат отворен ум за соработка со странски партнери. Гледаме напред во соработката со македонската Влада и македонските бизнисмени“, изјави по средбата Лунг Чун-јинг. И во Хонг Конг македонската делегација ќе одржи бизнис форум за презентација на инвестициските можности во земјата.
Слично

Поврзани вести