Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски поднесе тужба против Заев за клевета

Груевски поднесе тужба против Заев за клевета
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски ја поднесе тужбата за клевета и навреда против лидерот на СДСМ Зоран Заев, објави директорот на Центарот за комуникации на владејачката партија Илија Димовски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев на суд ќе мора да ги оправда и да ги докаже своите лаги и конструкции со кои го клевети премиерот во изминатите неколку денови, дека земал кеш 1,5 милиони евра за продажбата на Македонска банка. „СДСМ и нивниот лидер дојдоа до дното. Се служат со фалсификати и лаги за да се спасат од огромниот изборен пораз. Во нивните постапки се гледа само очај, паника, страв, гнев и омраза. Документот кој денес Заев го покажа е класичен, груб, но и смешен фалисфикат. Тоа лесно се докажува бидејќи партискиот печат кој е искористен на документот е прогласен за неважечки уште во 2004 година. Печатот е пријавен и прогласен за неважечки. До Основниот суд во Скопје на 15.10.2004 година од наша страна е доставен Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и опис како ќе изгледа новиот печат. Судското решение е издадено на 02.11.2004 година. Ова е непобитен доказ дека она што Заев го приложува денес не е печатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е стар печат кој го користело поранешното, старо раководство“, вели Димовски. Освен ова, додава тој, лицето чие име стои на фалсификуваниот документ е лице за кое во 2007 година била покрената кривична пријава од страна на МВР и е правосилно осудено на единствена казна затвор од 6 години, а дополнително задолжен е на оштетени лица да им врати 27 милиони денари. „Тој бил осуден со правосилна одлука на Врховен суд за, внимавајте, фалсификување на документи, за даночно затајување и перење пари. За да биде иронијата поголема, ова лице веќе неколку години е во бегство и не ја отслужува затворската казна. СДСМ си прават фалсификати и монтажи и мислат дека некој ќе им поверува. Ги потценуваат граѓаните“, објаснува Димовски.
Слично

Поврзани вести