Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски по средбата со Бајден: Од последното наше гледање до сега се случија многу добри работи, но и многу предизвици

Груевски по средбата со Бајден: Од последното наше гледање до сега се случија многу добри работи, но и многу предизвици
Заврши средбата на премиерот Никола Груевски со американскиот потпретседател Џо Бајден. Без конкретен одговор, со речиси протоколарна изјава Груевски само потенцираше дека со Бајден со зборувале и за добрите работи, но и за предизвиците. „Со Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното наше гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период. На средбата зборувавме за повеќе теми. Зборувавме за политичкиот договор, за реформите во повеќе сфери, за економијата и економскта соработка, за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Ние ќе продолжиме да соработуваме и во иднина со Америка, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ и нивната поддршка во тој правец ќе биде многу значајна за нас во иднина“, изјави Груевски. фото: Курир
Слично

Поврзани вести