Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Пишувајте научни трудови бидејќи сме на дното на Европа по бројот на објавени!

Груевски: Пишувајте научни трудови бидејќи сме на дното на Европа по бројот на објавени!

Деновиве професорите од неколку факултети формираа Професорски пленум и заедни со студентите се вклучија во протестите против Новите законски измени во високото образование, во кои измени е опфатено и професорите да пишуваат научни трудови и истите да ги објавуваат во светски реномирани списанија и се дел од веб-оф-сајанс.

Премиерот вчера истакна дека професорите се против новите Законски измени во високото образование и ги поддржуваат студентите од една причина а тоа е страв од обврската да објавуваат научни трудови во светски реномирани списанија, при што смета дека доколку биде донесен овој Закон професорите поактивно би учествувале во работата и би пишувале повеќе научни трудови.

Според премиерот не е проблемот дали професорите сакаат да пишуваат, туку дали нивните дела ќе бидат примени во тие списанија, некој може да напише 10 трудови и сите да му ги одбијат, не се примаат во тие реномирани списанија што се со импакт фактор, а коишто се дел од веб оф сајанс, и туку се јавува нивниот проблем .

-Тука не е проблемот само дали тие сакаат да пишуваат, туку дали нивните дела ќе ги примаат во тие списанија, затоа што некој може 10 да напише а сите да му ги одбијат, не се примаат во тие реномирани списанија што се со импакт фактор, а коишто се дел од веб оф сајанс, и тука е нивната грижа значи делумно е заради напорот што треба да го даваат и да пишуваат, да креираат нова научна мисла, тоа е едниот проблем веројатно една третина од проблемот, две третини е дали откако ќе ги напишат ќе им ги прифатат дека се релевантни дека се квалитетни на меѓународно ниво. Има многу што им ги одбиваат-ги праќаат и по пошта им ги враќаат дека тоа не е доволно квалитетно за да се објави во едно такво реномирано списание, нагласува премиерот.

Премиерот им порача на прфесорите да вложат повеќе труда и да работат, за да стане Македонија поконкурентна на меѓународен план во делот на научната мисла.

Тој истакна дека овој закон на Македонија и е потребен пред се бидејќи сме на  дното, на опашката на Европа во овој дел и затоа се јавил револтот кај професорите.

-Кога веќе решиле да бидат професори треба да произведат квалитет и да произведат научна мисла, треба да работат и не треба да бегаат од тоа бидејќи тоа го прават нивните колеги во сите земји многу повеќе отколку тие, додаде Груевски.

Слично

Поврзани вести