Груевски отвори изложба за децата-бегалци од Егејска Македонија
Од денеска во Музејот на Македонија е отворена постојана поставка посветена на Македонците-бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција.
Изложбата на артефакти од овој период ја отвори премиерот Никола Груевски.
„Историјата понекогаш знае да биде исклучително болна и трагична, но никогаш не смее да остане заборавена. На човек може да му се земе детството, да му се сруши куќата, да му се запали селото, но човековата меморија не може со ниедно средство да се уништи. Таквата меморија поврзана со една болна и тешка историја на дел од нашиот народ денес е поткрепена и со оваа прекрасна музејска поставка за Македонците-бегалци во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949 до денеска е отворена во Музејот на Македонија“, изјави Груевски на отворањето.
„Преку длабоко осмислениот пристап на новата музејска поставка посетителот може да проникне во најмачните сегменти и најгорливите премрежја низ кои поминувал македонскиот народ во Вотрата сцетска војна и Граѓанската војна во Грција. На уникатен, возбудлив и драматичен начин во поставката се презентирани мноштво фотографии, документи, оружје, облека, предмети од битов карактер, како и други сведоштва поврзани со овој сегмент од историјата на македонскиот народ“, додава министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Во тоа време, како резултат на Граѓанската војна во Грција над 50.000 Македонци биле раселени низ повеќе држави.
Слично
