Груевски оствари средба со Хојт Ји
Премиерот Груевски денеска оствари средба со г-дин Хојт Ји, заменик помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.
На средбата беа поздравени одличните односи кои постојат помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави и беше изразена посветеност кон нивно понатамошно продлабочување на секое ниво од взаемен интерес.
Премиерот и Хојт Ји разговарале и за реформите кои ги спроведува нашата земја во насока на реализација на стратешката цел за европска и евроатланска интеграција и двајцата соговорници се согласиле дека актуелната ситуација во земјата штети на имиџот на државата и изразија уверување дека истите предизвици треба да бидат надминати во што побрз период низ институциите на системот.
Исто така на средбата беше истакната и значајноста од институционалниот дијалог и потребата и приоритетот од активна партиципација во Собранието на сите политички партии.
Oбезбедувањето на странски инвестиции и нови работни места беа клучните работи кои премиерот ги истакна како понатамошно продолжување со економските реформи.
