Груевски: Одлуката на СДСМ – штетна за државата
Одлуката на СДСМ да не ги признава изборните резултати е штетна за државата, но и за самата партија, смета премиерот Никола Груевски.
„Сметам дека тоа е штетна одлука за државата и штетна одлука за самата партија која ја носи. Партијата сè уште има време да ја преиспита одлуката со формирањето на парламентот“, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања.
Во исто време, тој одби да ја коментира изјавата на неговиот досегашен коалиционен партнер Али Ахмети, кој преку косовскиот весник „Нова ера“ се закани дека доколку ДУИ не влезе и во следната влада, на Македонија и се заканува дестабилизација.
„За прашања од ваков тип ќе ви одговориме кога за тоа ќе дојде време“, истакна кратко Груевски.
Слично
