Груевски оди на Токсикологија да ги посети затруените гостиварци
Премиерот Груевски вечерва ќе оствари посета на хоспитализираните лица од Гостивар на Клиниката за токсикологија, Скопје, информираат од владината прес-служба. Посетата е закажана за вечерва во 22:15 часот.
Според првичните информации, вкупно 12 лица со симптоми на труење од непознат гас попладнево биле примени на Токсикологија. Меѓу нив, седум се ученици, а петмина се вработени во Средното економско училиште во Гостивар.
Тие се во добра состојба, но вечерва ќе бидат задржани на Клиниката за опсервација. Денеска средношколците и наставниците со симптоми на гушење и солзење во очите најпрвин се обратиле во гостиварската болница, а потоа биле префрлени во Скопје.
Телевизија Алсат-М објави дека непознато лице фрлило отровен гас во училиштето. Истражните органи се уште вршат увид.
Слично
