Словенија со поддршка за македонските евроинтерграции, Груевски со став: И без датум, сонцето ќе изгрее!
Словенија ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции му беше предочено на премиерот Никола Груевски кој денеска во официјална посета на земјата. Притоа се сретна со словенечкиот претседател Борут Пахор, претседателот на словенечкиот Парламент Јанко Вебер и словенечката премиерка Аленка Братушек.
За време на средбата со Братушек било истакнато дека Словенија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.
„Словенија како до денес, така и во иднина ќе ја поддржува Македонија и другите земји на Балканот во нивните напори за приближување кон ЕУ“, изјави сБратушек по средбата со македонскиот премиер во Брдо кај Крањ.
Груевски пак истакна дека Македонија во Словенија гледа искрен поддржувач на полето на европските и евроатланските интеграции и активните реформи, но посочи и дека нема да биде трагедија ако Македонија на редовниот европски самит во декември не добие датум за почеток на приспатните преговори со ЕУ. Груевски, кој е во официјална посета на Словенија, по средбата со неговата словенечка колешка Аленка Братушек, иронизираше и дека
„Дури и ако не добиеме датум, сепак ќе осамне нов ден“, рече Груевски кој додаде дека грчката страна не сака да се постигне компромисно решение за името.
Словенечкиот претседател Борут Пахор на Груевски, на средбата во Љубљана му посочил и дека лично ќе лобира за што поскоро зачленување на Македонија во ЕУ. Притоа и двајцата ги потврдиле одличните билатерални односи меѓу двете земји, а стигнале најави за интензивирање на соработката во сектотот туризам, спорт и земјоделство.
За претседателот на словенечкиот парламент, Јанко Вебер пак Словенија останува отворен поддржувач на Македонија во евроинтеграциите. Вебер го поздрави напредокот и заложбите на земјава кон тој процес и изрази подготвеност да ја посети Македонија со стопанственици кои би биле подготвени да инвестираат.
Слично
