Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски од Мадрид вети подобрување на животниот стандард

Груевски од Мадрид вети подобрување на животниот стандард

Премиерот Груевски е во дводневна посета на Шпанија каде учествува на Конгресот на Европската Народна партија.

Оттаму лидерот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ имаше говор во кој уште еднаш порача дека местото на Македонија е во Европа.

Премиерот истакна дека Македонија живее и работи за европски стандарди и вредности укажувајќи пред членовите на ЕПП дека Македонците се европјани и нашето место е во Европа.

– Ние сме европејци и нашето место е во Европа. ЕПП во целиот овој период од независноста е голем пријател на мојата земја, помогнала во надминување на многу предизвици, во спроведување на многу реформи кои имале за цел унапредување на стандардите, посочи Груевски.

Премиерот се осврна и на работата на Владата и вети дека ќе продолжи да работи со политички и економски реформи, кои се насочени кон исполнување на неопходните критериуми за членството во Европската унија, вети подобар животен стандард на граѓаните и квалитетен живот со главна стратегија за влез во европските и евроатлански интеграции.

Слично

Поврзани вести