Груевски од Филе уште еднаш ги слушна забелешките од Извештајот
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување во заминување Штефан Филе. Според информациите од кабинетот на Филе, на средбата еврокомесарот уште еднаш ја нагласил загриженоста на Брисел изразена во Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ и ќорсокакот во кој се наоѓа земјата во евроинтеграциите.
Тој ја нагласил потребата да бидат преземени решителни акции за да се одговори на загриженоста за зголемена политизација, за слободата на изразување и судската независност.
Во однос на политичката ситуација во Македонија, еврокомесарот Филе повторил дека одговорноста е и кај Владата и кај опозицијата да се обезбеди политичката дебата да се одвива најпрвин во Парламентот и да се овозмоѓат услови за негово нормално функционирање.
Филе и Груевски разговарале и за добрососедските односи.
Груевски, пак, по средбата брифираше дека било постигнато приближување на ставовите со Брисел во однос на предложените уставни измени, особено во делот на бракот и на финансиските зони.
„Откако ги добивме нивните забелешки, ние многу анализиравме, размислувавме и разговаравме со Венецијанската комисија, па сега доаѓаме назад со адаптирани предлози за кои мислам дека имаме доближување на ставовите. Плус, дообјаснивме и некои работи за кои верувавм дека недоволно им биле објаснети на нашите соговорници во Европската комисија и дека им требаше дополнително објаснување“, рече Груевски по средбата.
Слично
