Груевски очекува Јанева да го осомничи цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека не би бил изненаден и ако целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ биде осомничено од страна на Специјалното јавно обвинителство.
Oваа изјава лидерот на владејачката партија ја даде откако СЈО денеска објави дека се отворени уште 15 предистражни постапки, вклучувајќи и за финансирање медиуми, злоупотреба на службена положба и други.Што се однесува до случајот „Пуч“, Груевски тврдеше дека досега не добил никаква покана да се јави како сведок, додавајќи дека обвинувањата дека го избегнува судот се конструкција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и специјалната обвинителка Јанева, со цел да ги пролонгираат рочиштата за овој случај.
Слично
