Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски очекува 20 нови фабрики во Македонија!

Груевски очекува 20 нови фабрики во Македонија!
Дали фронтот на Владата за привелкување инвеститори ќе вроди плод годинава? Повеќе од дваесет странски инвестиции се очекуваат во текот на оваа година во земјата. Ова денеска го најави шефот на македонската Влада Никола Груевски. - Во подготовка на моето новогодишно обраќање направив разговор со поголем дел од луѓето кои во Владата и во владините институции се задолжени за инвестирањето и она што го детектирав е дека имаме повеќе од дваесет инвеститори кои веќе неформално имаат донесено одлука да инвестираат во Македонија, односно да ја почнат својата инвестиција во текот на оваа година, значи од сега до крајот на оваа година, рече Груевски. Во обид да привлече инвеститори, Владата создаде широк фронт: од економски промотори, роуд – шоуа, даночни бефиции до слободни економски зони. Колку тоа ќе влијае врз инвеститорите ќе видиме, оти неодамна едно истражување покажа дека Бразил, Кина и Индија ќе бидат топ-инвестициски дестинации во 2014 та година. Клучни, одлучувачки фактори за инвестициските одлуки ќе бидат растот на производството, големите профити и големината на пазарите – се наведува во истражувањето на агенцијата “Педерсен и пријателите“. Од друга страна, корупцијата, криминалот и политичката нестабилност се најголемите бариери за странските директни инвестиции – оценуваат аналитичарите. Очекувано е дека догодина Бразил, Кина и Индија ќе бидат клучните пазари на кои ќе се насочат инвестициите, но тука се и Мексико и земјите од Јужна Африка – оцени домашната експертска јавност. Во глобални рамки, помалку атрактивни ќе бидат земјите од Источна Европа и Африка.  
Слично

Поврзани вести