Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски обвинува, Црвенковски е крив – сега за блокада на Комисијата за 24 декември

Груевски обвинува, Црвенковски е крив – сега за блокада на Комисијата за 24 декември
За Груевски, Црвенковски е виновен за блокадата на ад хок комисијата за утврдување на настаните од 24 декември. Од СДСМ пак ги негираат ваквите тврдења. Извештајот на Комисијата за утврдување на настаните од 24 декември 2012 беше речиси готов за објавување, но се се искомплицира по враќањето од одмор на Бранко Црвенковски, кој испорача нови барања, обвини денеска премиерот Никола Груевски за кого Црвенковски е виновнен за блокадата според премиерот, би можела негативно да се одрази Европскиот извештај за напредокот на земјава. Според Груевски, Македонија може да ја загуби препораката од ЕУ ако комисијата остане блокирана, а во тој случај ВМРО-ДПМНЕ ќе примени нова стратегија. „Ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано се обидувавме нешто да направивме, ги баравме за да се придвижи, зашто извештајот е 99,9 отсто завршен и да не беше враќањето на Бранко Црвенковски, следуваа да се усогласат само ситни финеси и тој да се изгласа. Се‘ уште се надевам дека во наредните денови ќе се најде решение, но веќе и нема многу време зашто истекуваат роковите и последиците подоцна доаѓаат. Како партија нема да останеме неми набљудувачи на овие последици и доколку во наредните денови не се најде решение, ќе размислиме за нови чекори и нови стратегии кои ќе бидат сосема различно од она што е сега“, рече Груевски. Од опозицијата пак во целост ги отрфлија ваквите обвинувања. Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е партијата што не направила ништо за одблокирање на Комисијата. „Со лиферување на овие лажни информации, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не само што сака да ја избегне одговорноста за нефункционирањето на Комисијата за 24 декември, туку и дека никогаш искрено немало намера да ги исполни своите обврски и да го испочитува договорот постигнат на први март“, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој додаде дека неговата партија ги исполнила сите обврски од договорот. За Шилегов, за натамошното функционирање на Комисијата е одговорна власта и претседателот Иванов, чијашто обврска е да именува прв човек на Комисијата откако претходниот претседател, Борче Давитковски се откажа од ова место.
Слично

Поврзани вести