Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Ние веќе работиме на реформите, не можевме да го чекаме СДСМ!

Груевски: Ние веќе работиме на реформите, не можевме да го чекаме СДСМ!
Почнуваат преговорите за договорот од Пржино. Најпрвин ќе се разгледува избирачкиот список. Надгледувањето на преговорите ќе го врши белгискиот експерт Питер Ван Ховит. Груевски, пак во интервју за Нетпресс вели дека тие веќе работат на имплементирање на делови од одговорот, без разлика што СДСМ не се во работните групи. „Да, ние веќе работиме, и додека не беше решена кризата, ние веќе бевме посветени на решавање на прашањата што беа отворени од извештајот на Европската комiсија, коишто ни беа посочени. Значи не седевме, не чекавме СДСМ да деескалираат со нивното однесување, да се врати во работните групи. Ние веќе имавме формирано работни групи, во коишто трите најголеми партии учествуваа, а сега ќе почне да учествува и Социјал-демократскиот сјоуз, така што ќе останеме посветени на решавање на најбитните препораки коишто ни беа дадени, да ги завршиме во најскоро време, со што ќе обезбедиме повторно позитивен извештај на Европската унија и ќе ја задржиме препораката“, вели Груевски. Со договорот од 2 јуни Европската унија се заложи да го олеснува дијалогот меѓу политичките партии за реализирање на реформите. Се најавија и промени во повеќе институции, ДИК, МРТВ, УЈП, а во септември треба да се постави специјален јавен обвинител. Во окотомври СДСМ влегува во Влада во 5 министерства, во два со свои предлози за министер, во три со заменик министер со врзани потписи. Груевски си заминува од премиерската функција во јануари, а на 15 ти јануари ќе дојде нов премиер од редовите на ВМРО ДПМНЕ,  
Слично

Поврзани вести