Груевски незаинтересиран за враќање на премиерската позиција
„Интересот на Македонија ми е на прво место и засега одлучив да не се враќам на премиерската позиција бидејќи не сакам да оставам впечаток дека потезите што ги влечам се само во правец да постигнам некоја лична цел или позиција“, вели во продолжението на интервјуто за Телеграф.мк екс премиерот Никола Груевски.
Запрашан зошто не се вратил на претседател на Владата Груевски вели :
- За мене интересите на Македонија се на прво место. Се согласив на несвојствен договор за мнозинството од европските земји, 100 дена пред избори да се повлечам од позицијата претседател на Влада. Јас зборот го одржав, и мојата обврска џентлменски ја испочитував. За жал, другите страни, пред сè СДСМ, не ги испочитува своите обврски и избега од избори.
Одлучив засега да не се враќам на таа позиција бидејќи не сакам да оставам впечаток дека потезите што ги влечам се само во правец да постигнам некоја лична цел или позиција. Сакам да покажам и дека може да се функционира и поинаку, а пак да се биде успешен и многу корисен.
Ако се вратев сега на функцијата, многумина ќе помислеа дека можеби ја внесувам земјата во некаков ризик за да бидам премиер. Мене тоа не ми е приоритет. Мене приоритет секогаш ми бил заедничкиот успех како партиски, така и државен. Ако ова придонесе и малку да се намалат тензиите во општеството, тоа ќе е уште подобро.
