Груевски: Невработеноста е намалена на 25 отсто, ќе има уште 300 државни вработувања
Најави за 300 државни вработувања на лицата со посебни потреби стигнаа од премиерот Никола Груевски, за време на обраќањето на трибина на ВМРО ДПМНЕ вечерва во Струга.
„Реформите значат подобрување на квалитетот на животот и тие се жива материја. Почнавме и не застануваме со правење реформи во сите области. По тоа многу се разликуваме од нашите политички опоненти. Во времето кога владееја тие, не можеме да се сетиме на некоја поголема реформа“, рече Груевски кој вели дека Владата продолжува со грижата за социјално - ранливите категории граѓани.
Премиерот додаде дека се грижат и за пензионерите со тоа што растат пензиите, поевтинуваат лековите, се воведува бесплатното болничко лекување на пензионери со потпросечни примања.
„Паралелно со пензиите се зголемува и социјалната помош која досега е зголемена за 35 проценти. Продолжуваме со изнаоѓање работни места за оние кои примаат социјална помош. Успеавме да ја намалиме и невработеноста од 35 проценти колку што затекнавме на 25 отсто. Доколку не беше светската економска криза таа ќе беше намалена сигурно за уште 10 проценти“, наведе Груевски кој ја најави мерката за вработување на околу 300 лица со посебни потреби во државниот и јавниот сектор.
Слично
