Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Нема да толерираме заплашување на гласачите

Груевски: Нема да толерираме заплашување на гласачите

По повод денешното промовирање на новата мерка помош за земјоделците, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се осврна и на изборниот процес и изборите кои и претстојат на Македонија.

Груевски рече дека нема да се толерираат никакви заплашувања на избирачите и такво нешто за време на изборите не смее да има.

„Заплашувања на избирачи не смее да има. Ако има ќе одговара секој оној кој учествува во тоа. За да се спречи вакво нешто државниот обвинител обзнани дека ќе има посебен оддел кој ќе се занимава со вакви случаи. Ние испративме јасна порака до сите наши членови, функционери дека нема да толерираме такво нешто“, изјави екс премиерот.

Груевски вели дека неговата партија пред себе има чиста победа и никој немало да се дрзне да направи такво нешто, а доколку се дрзне ќе одговара.

„Министерството за информатичко општество и администрација обзнани дека отвора канцеларија за вакви предмети за случаи поврзани со државни и јавни службеници, и дека ќе превзема мерки во соработка со невладиниот сектор за менаџирање со вакви предизвици. Значи и тука направивме се што се бараше од нас и се што е потребно“, изјави првиот човек на владечката партија.

Слично

Поврзани вести