Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Нема да дозволиме да ескалираат протестите!

Груевски: Нема да дозволиме да ескалираат протестите!
Ниту една држава не може да поддржи протести во кои се употребува насилство, рече премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги протестите што се одржуваат заради пресудата во случајот „Монструм“. Груевски, кој беше на азиска турнеја кога беше донесена пресудата и кога започнаа протестите, денеска првпат официјално ги коментираше демонстрациите што ескалираа. Според него, насилните протести не се во интерес ниту на Македонците, ниту на Албанците, но постојат одредени организации кои за свои интереси долеваат масло на огнот во Македонија. „Уште позагрижувачка е поддршката што ја даваат поединци и одредени групи и индиректно или директно долеваат масло на огнот и со тоа не само што придонесуваат за влошување на општата клима во тој правец, туку јасно покажуваат дека спроведуваат некоја агенда која сигурно не е во интерес ниту на Македонците, ниту на Албанците“, рече Груевски. Тој увери дека институциите имаат капацитет и ќе се справат со насилните протести. „Министерството за внатрешни работи во изминатите денови мошне професионално ја вршеше задачата и државата нема да дозволи овие протести да ескалираат до таква мера да ги загрозат интересите на граѓаните или на институциите“, рече Груевски, додавајќи дека состојбата сериозно се следи.
Слично

Поврзани вести