Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Не сум зел пари за продажбата на „Македонска банка“!

Груевски: Не сум зел пари за продажбата на „Македонска банка“!
Никогаш не сум зел 1,5 милиони евра во кеш или на друг начин, ниту помала или поголема сума за продажбата на „Македонска банка“ - вака премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговори на тврдењата на опозицијата. Во интервју за агенцијата МИА, Груевски нагласува дека се невистинити сите обвинувања кои опозицијата ги поткрепува со наводни аудио снимки од телефонски разговори. „Иако клеветата од Заев е за непостоечки акт постар од 10 години, јас за секој случај одлучив да поднесам тужба за клевета за да со сигурност се расчисти оваа валкана манипулација и да добие судска разврска“, изјавува Груевски, кој од Заев судски побарува отштета од 500.000 евра за клеветата. Лидерот на владејачката партија ги демантира и тврдењата за кеш исплати на каса-прими извршени од страна на лицето Загорац Тумбовски во касата на ВМРО-ДПМНЕ. „Во времето кога започнаа големите реформи во ВМРО ДПМНЕ во 2003-та кои добија на интензитет во 2004-та се случи ситуација да исчезне партискиот печат. Раководството на партијата веднаш го прогласи за невалиден со пријава во надлежните органи и извадивме нов печат кој се разликува од претходниот. Сега гледам дека некој се обиде да направи евтин трик со тоа, користејки правосилно осудена личност на 6 години затвор за различни кривични дела меѓу кои и за фалсификат, и личност која е во бегство. Дознав дека и таткото на таа личност бил осуден на 4 години затвор. Наводниот потпис на Јанкулоска од авион се гледа дека не наликува на тој кој го видовме во медиумите“, појаснува Груевски во интервјуто за МИА.
Слично

Поврзани вести