Груевски не се согласува со тезите за провладини медиуми
Премеиерот Груевски во интервју за МИА потенцира дека обвинувањата дека неговата Влада ја уништила медиумската сцена се надуен балон, невистина.
Приказната со слободата на медиумите е еден надуен балон во недостиг на силна опозиција и креативна опозиција, која ќе се бори на реални теми и основи, а не на надуени теми. Таа теза се користи за политичка битка и таа стана политичка тема, но тоа е нивно алиби за поразите што се базирани на нивното неработење и за непосветеноста. И ако ова сега е диктатура, што како квалификација е апсолутен нонсенс, што било тоа тогаш кога владеело актуелното раководство на СДСМ заедно со Црвенковски и истите збор не ги слушнавме да кажат нешто за демократија, праша Груевски во интервјуто, велејќи дека не верува во тезата за провладини медиуми.
Слично
