Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Не се секирајте нема избори

Груевски: Не се секирајте нема избори
На денешното обраќање на лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Никола Груевски во салата ,,Борис Трајковски”, тој ѝ порача на опозицијата дека нема да има избори, а настанот не бил митинг туку бил огранизиран на иницијатива на општинските комитети. ,,По иницијативата на неколку општински комитети мислевме како да одржиме настан а да не е митинг, опасно е ако е митинг затоа што не се избори, а ќе си помислат (опозицијата) дека одиме на избори. Да им ги скратиме маките...не се секирајте нема избори не се плашете нема да има избори, но ќе има сериозен одговор , ова е наш одговор, силата на ВМРО ДПМНЕ е народот'' - рече Груевски обраќајќи се на членството и симпатизерите на владејачката партија. Во својот говор, премиерот Груевски се осврна и на контроверзното соопштение кое пред десетина дена беше пуштено од партискиот штаб. Тој рече дека зборот ,,борба” во соопштението не значел повик за граѓанска војна, туку борба со дела, односно вработувања и инвестиции. Претседателот на владејачката партија ја обвини опозицијата дека работи со креирани сценарија и нарачана текстови во странски медиуми. ,, Нашиот народ не е наивен тој е мирен спокоен семеен и сака стабилна иднина и не сака да го лажеш ,, рече Груевски кој и порача на опозицијата дека ,, нема да ги спаси ниту странски Обвинител ниту нарачани текстови во странски медиуми” – рeче премиерот во својот говор.  
Слично

Поврзани вести