Груевски – “Не сакам да бидам премиер по секоја цена “
Во одбрана на Владата премиерот Никола Груевски изјави дека е благодарен на оваа Интерпелација, бидејќи може да одговори со економски речник.
“ И по 20 години ние сме заложници на вашите лаги, Вие не сте научени некој политичар да делува принципиелно. Не сакам да бидам премиер по секоја цена. Вие сте навикнати на неискреност, но јас не можев да ги премолчам проблемите во коалицијата. До сега се реализирани над 2300 проекти, а во следниот период дополнителни 1000 проекти. Нашата програма е јасна , не даваме лажни ветувања, а делата се видливи. Пред светската економска криза имавме историски раст од 6% , лани пак, среде криза имавме раст што не вброи во групата од 7 земји во Европа што имаа раст. Невработенста изнесува 31 % и таа е намалена во однос на годините пред тоа, просечната нето плата се зголемува а исто така и пенизиите се зголемија за 35 %, девизните резреви се на историско високо ниво од 2,5 милијарди евра, даноците се намалија, субвенциите се зголемија, обезбедена е современа опрема во здравството, намалена е партиципацијата за студирање “
Слично
