Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски не размислува за наследник во партијата

Груевски не размислува за наследник во партијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на прашањето од новинарите дали ќе се повлече од функцијата и дали се подготвува нов избор на претседател на владејачката партија, кусо одговори со „Не“.

Тој денеска беше во Порта Македонија, каде се одржуваше состанок со неколку градоначалници.

Груевски одбегна да даде изјава за посетата на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд.

Во дел од медиумите се појавија информации дека откако вицепремиери станаа министерот за здравство, Никола Тодоров и министерот за надворешни работи, Никола Поповски,  еден од нив може да биде наследник на Груевски откако ќе се повлече од функцијата. Се споменуваше и името на екс министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски како потенцијален наследник во партијата.  Груевски со својот кус одговор овие информации денеска ги демантираше.

Слично

Поврзани вести