Груевски: Не прифаќаме преодна влада
- Сакам да порачам дека барањето за преодна влада во Македонија е можно и остварливо но без ВМРО ДПМНЕ во неа. Ние сме сметале и секогаш сметаме на народот. Ние сметаме дека народот е тој кој дава мандат и легимитет на избори и дека народот бира кој ќе формира влада. Со барањето за преодна влада се отвора простор на сериозен преседан кој потоа лесно може да биде предмет на конфликтност помеѓу партиите. Не ни треба преодна влада за да ни држи страв.- ова го изјави претседателот на владејачката партија Никола Груевски, денеска на трибината во ,,Борис Трајковски”.
Премиерот Груевски, во својот говор порача дека власта не се спрема за избори и повтори дека ,,бомбите” на Заев се креирани и добиени од странски служби.
Тој вели дека Заев е инволвиран во активности за дестабилизација на државата, а медиумите воделе хајка против неговата партија, што било знак дека има слобода на медиуми.
-Се жали Заев на немање слобода, а паралелно во неговите медиуми се води хајка против нас, овие „слободниве“ што примаат пари од разни фондации и фондови, ги знаеме сите. Замислете точно 22 медиума говорат дека нема слобода и водат гнасни хајки против нас. Па тоа е само по себе чудна ситуација, рече Груевски денеска.
Премиерот рече дека иако Заев бара нов обвинител, за владејачката партија е важно обвинителот да се однесува по словото на законот, а Груевски е убеден дека тој тоа го прави.
Истовремено, премиерот најави слични трибини кои ќе се одржуваат во различни градови во земјата, а во иднина рече дека ќе започнат инвестициски поход низ цела Македонија.
Слично
