Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема избори, ВМРО ДПМНЕ ќе гласа за извештајот!

Нема избори, ВМРО ДПМНЕ ќе гласа за извештајот!
Премиерот Груевски вечерва на прес конференција изјави дека е јасно зошто СДСМ ја отфрлил нивната иницијатива, затоа што го нема народот на своја страна, вели Груевски. - Џабе играа оро, им даваме избори, а тие бегаат од нив како ѓавол од темјан, изјави Груевски. Се Ви прифативме, и ваш член за претседател на комисијата, а Вие продолжувате да барате некои нејасни работи, имавме заеднички деловник за работа, и можевме да гласаме, ќе изгласавте извештај каков што Вие сакате, вели премиерот. ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да гласа и да потпише извештај каков што сака СДСМ, не со надгласување туку и ние ќе гласаме заедно со нив. Нам ни е важен интересот на Македонија, рече премиерот. Ова, практично значи дека предвремени избори на 13 октомври ќе нема. Во својот говор тој додаде дека сеуште ја остава отворена можноста за предвремени парламентарни избори пред извештајот на Европската Комисија доколку СДСМ се предомисли. - Како П.С би рекол- ако до утре се предомислат нека кажат, нашите пратеници се тука, веднаш ќе дојдат и ќе распишеме избори па народот нека реши, рече Груевски. Вчера премиерот предложи, СДСМ да изгласа било каков Извештај од Комисијата, кој ќе биде партиски. Втората алтернатива беше да се потпишат два извештаи, по што ќе се оди на избори. Тоа сценарио веќе е невозможно откако денеска прво ДУИ, па СДСМ ја отфрлија можноста за избори, а Груевски вечерва се согласи и претставниците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за заклучоците на комисијата за расветлување на настаните од 24 декември.  
Слично

Поврзани вести