Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски не очекува пресврт за името

Груевски не очекува пресврт за името
Посредникот во македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц има тешка задача, вели  премиерот Никола Груевски, кој не очекува посетата на медијаторот во регионот да донесе решение за прашањето. „Не гледам некои серозни сигнали од другата страна кои упатуваат на тоа дека може да има пресврт. Од информациите што ги имаме тие се целосно фокусирани на нивната внатрешна состојба и не се занимаваат со ова прашање. Нимиц ќе има тешка задача. Се надевам дека во блиска иднина ќе има повеќе успех“, рече Груевски, кој вчера се виде со Нимиц. Медијаторот денеска беше во Атина, каде што оствари средба со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос. При новата посета на регионот Нимиц нагласи дека на маса има неколку идеи за кои се разговара. Нимиц во Атина: Името ќе се реши, ама не знам кога
Слично

Поврзани вести