Груевски: Насилни протести нема да се дозволат
Премиерот Никола Груевски апелира сите граѓани кои планираат да протестираат тоа да го направат на мирен и демократски начин, а уште еднаш нагласи дека насилни протести нема да се толерираат.
„Не можам да поддржам и никој во државава и надвор од неа нема да поддржи насилни протести. Институциите нема да го дозволат тоа. Секој протест од кој ќе излезе акт на насилство врз полицијата граѓаните или институциите во Македонија нема да биде толерирано како и во ниту една друга земја“, рече Груевски.
Според него, истиот апел важи и за оние кои најавуваат протести и за оние кои најавуваат контра-протести во текот на утрешниот ден.
Со сличен апел денеска се огласи и шефот на државата Ѓорге Иванов:
Иванов: Насилство нема да се толерира
Врз основа на видео-снимките, МВР идентификуваше голем број од учесниците на протестите минатата недела и против нив веќе поднесува пријави. Десет кривични пријави денеска се поднесени и против учесници на насилсните протести во Тетово неделата.
(ВИДЕО) МВР со апел до граѓаните: Не дозволувајте да бидете вовлечени во нечии сценарија
Слично
