Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Нашите дела се видливи, Автопатот Миладиновци – Штип забрзано се пробива

Груевски: Нашите дела се видливи, Автопатот Миладиновци – Штип забрзано се пробива

Нашите ветувања и дадениот збор стануваат реалност и видливо дело наменето за граѓаните. Новиот автопат Скопје - Штип забрзано се пробива, за поквалитетно поврзување на источна Македонија, за економски напредок и поквалитетен живот на граѓаните. Продолжуваме со реални дела да ја покажуваме нашата посветеност кон напредокот, обезбедување на услови за развој и подобар стандард, напиша премиерот Никола Груевски на својот фејсбук профил  постирајќи видео од работата и постигнатото досега на автопатот.

Нашите ветувања и дадениот збор стануваат реалност и видливо д...Нашите ветувања и дадениот збор стануваат реалност и видливо дело наменето за граѓаните. Новиот автопат Скопје - Штип забрзано се пробива, за поквалитетно поврзување на источна Македонија, за економски напредок и поквалитетен живот на граѓаните. Продолжуваме со реални дела да ја покажуваме нашата посветеност кон напредокот, обезбедување на услови за развој и подобар стандард. Posted by Nikola Gruevski on петок, 30 октомври 2015

Според најавите дд Скопје до Штип ќе се стигнува за половина час, откако ќе биде завршен новиот автопат Миладиновци-Штип.

Владата почна со реализација на проектот уште од 2007 година со донесување на потребната документација и барање концесионер, а во 2012 година почнаа преговорите со кинеската Влада за добивање поволен кредит за изградба на автопатот.

Проектот се реализира  со кредит од кинеската Ексим банка во износ од 206 милиони евра, со рок на исплата 20 години, 5 години грејс период и 2 проценти камата. Согласно договорот на оваа делница градежните работи кои ќе ги изведуваат македонските компании е минимум 49 проценти, а вкупниот број на македонски градежни работници што ќе се ангажираат од страна на изведувачите и подизведувачите е најмалку 51  процент од вкупниот број.

Новата автопатска делница ќе ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпоратион Лимитед“, а компанијата ветува дека граѓаните на Источна Македонија ќе добијат квалитетен автопат.

Слично

Поврзани вести