Груевски: Наша работа е да преговараме, а името не сме го смениле!
После прес конференцијата на опзициската СДСМ во која лидерот Заев објавуваше нови аудио снимки во кои тврди дека Премиерот преговарал тајно за промена на името и идентитетот, во вестите на Сител, претседателот на Владата на РМ Никола Груевски излезе со изјава токму по ова прашање.
Имено, тој вели дека работа на Владата било да преговараат за да најдат решение за името, и често пати се среќавал со Папандреу во врска со спорот за името.
Од прислушуваните разговори, додаде Груевски , се гледа дека станува збор за размена на мислења, а тоа и работа на Владата - да разговара и да бара решение за прашањето со името.
– За идентитетот од снимките се гледа дека за идентитетот сме сакале да добиеме гаранции преку резолуција на ООН и многу сум му благодарен за тоа на Заев. На снимките се слуша гласот на Јолевски кој вика дека бараме да се гарантира идентитетот преку резолуција од ООН, заклучи Груевски.
Ние, додаде Груевски, во неколку наврати потврдуваме дека кај нас ништо не би поминало без референдум.
– Токму во тие колку и да се креирани материјали не можел да го извади тоа дека збориме за референдум, рече Груевски.
Тој посочи колку и да сечеле и лепеле СДСМ, од сникмите јасно се гледа дека власта барала решение за името.
Во врска со барањето оставка, премиерот вели дека има мандат од граѓаните на избори, и дека ја почитува таа доверба.
– Оставка нема да дадам, ниту пак преодна влада ќе има. Имам обврска да се најде решение и тоа ќе биде, колку и да Заев со неговите сценаристи посакува, нема да се повлечам, јас да се повлекувам би било кукавички чин. Заедно со сите мои соработници и со граѓаните на Македонија, мора да покажеме дека Македонија не може на ваков начин да биде на колена и нападната, рече Груевски.
