Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Народот е помудар од Заев и неговата група

Груевски: Народот е помудар од Заев и неговата група

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски, на денешниот народен собир во Тетово порача „Народот е помудар од Заев и неговата група, народот е нашиот бедем, со чисто срце и волја ќе се бориме за нашата Македонија и за секој еден наш граѓанин“.

„Ние сме тука пред вас, и јавно им порачуваме и од овдека, од Тетово, Македонија е посилна од вас, народот е помудар од Заев и неговата група, народот е нашиот бедем, со чисто срце и волја ќе се бориме за нашата Македонија и за секој еден наш граѓанин, и ќе работиме уште посилно и уште повеќе“, рече Груевски.

„Го потценија народот и љубовта на нашиот народ кон сопствената држава и нивниот капацитет за расудување и препознавање кога некој прави нечесна и валкана игра, тоа е тоа што нив ќе ги урне како кула од карти, тоа е тоа што ќе му се врати како жесток бумеранг на инспираторот на ова мрачно сценарио според кое ќе се урне надежта кај нашиот народ, според кое треба да се сруши се во кое тој верува, да се обесхрабрат и разочараат во нас луѓето,  да се дестабилизираат институциите и да може да хара овдека кој како сака и да спроведува туѓи агенди“, рече Груевски.

[button color="red" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/04/link-vo-zhivo-naroden-sobir-na-vmro-dpmne-vo-tetovo/" target="blank" ]ЛИКН ВО ЖИВО од ТЕТОВО[/button]

Слично

Поврзани вести